Приближно 73 проценти од пациентите пријавиле симптоми по вакцинацијата, без оглед на тоа дали имале рак, а болката на местото на инјектирање е најчестиот несакан ефект
Вакцините против коронавирус кои користат технологија мРНА не предизвикуваат никакви дополнителни краткорочни несакани ефекти кај пациентите со карцином, покажа новото истражување.
Истражувачите испитувале 1 753 луѓе кои примиле две дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“, од кои околу две третини имале историја на карцином, а околу 12 проценти примиле хемотерапија, имунотерапија, терапија со зрачење или биле оперирани.
Повеќе од 90 проценти од карциномите биле поврзани со цврсти тумори.
„Се покажа дека вакцината „Фајзер“ делува добро во такви случаи. Луѓето со и без карцином пријавиле слични степени на болка на местото на пункција, болки во мускулите, болки во зглобовите, треска, главоболка, гадење и замор“,
се вели во изјавата на научниот тим објавен во Журналот на Националната сеопфатна мрежа за рак.
Севкупно, приближно 73 проценти од пациентите пријавиле симптоми по вакцинацијата, без оглед на тоа дали имале рак, а болката на местото на инјектирање е најчестиот несакан ефект.
Претходните студии покажаа дека пациентите со карцином се неодлучни кога станува збор за вакцините, велат научниците.
Заклочокор е дека за разлика од ова, штетата предизвикана од ковид-19 е „комплексна за пациентите со карцином кои одбиле вакцинација“, велат тие, додавајќи:
„Нашите податоци, комбинирани со податоци од други извори, покажуваат дека вакцината мРНА против коронавирус добро се поднесува од пациенти кои имале или моментално боледуваат од рак, вклучително и оние кои активно се лекуваат“.