Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани
Средношколец се здобил со повреди на главата откако неговиот професор го повредил со метален предмет во средното струшко училиште „Ибраим Темо“.
Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврдил за МИА директорот на струшката болница Арменд Арслани.
„Од одделението за хирургија ме известија дека во 13:45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување“,
изјави Арслани за МИА.
Полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец, пренесува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски,
„Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште“,
изјави Димоски.
Оттаму наведуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.