Со вербалниот напад, расистички и говор на омраза во центарот на Скопје кон неколкумината Јужнокорејци претставници на невладини организација и нашата земја регистрира ваков случај на ксенофобија
Со ширењето на коронавирусот на запад, растат предрасудите кон жителите на Азија, нивната храна и обичаи, предупредуваат западните медиуми.
Многу азиски жители кои живеат во странство велат дека луѓето почнале да ги гледаат како патогени-што-одат. Еден од нив укажува на пример кога во Лондон во автобус седнал на седиште, а лицето кое седело покрај него веднаш станало и се оддалечило, објави Си-Ен-Ен.
Во изминатите неколку недели се појавија дезинформации и лажни вести за азиските граѓани и кинеската храна, и не само што поттикнуваат страв и јавна параноја за коронавирусот, туку, како што јави Си-Ен-Ен, засилуваат и расистички стереотипи за кинеската храна како валкана и опасна.
Во текстот се вели дека Кинезите јадат истата храна како и сите други во светот, само малцинство луѓе во Кина јадат диви животни – дури и во еден град каде се промовира јадењето кучиња, мнозинството од населението не го прави тоа, па затоа дури и кинеските активисти ширум светот почнаа кампања против познатиот фестивал на месо од кучиња.
И Македонија се „прослави“
Со вербалниот напад, расистички и говор на омраза врз неколкумината јужнокорејски претставници на невладина организација во центарот на Скопје минатата недела, и земјава се запиша на неславната листа на вакви ксенофобични испади.

Откако видеото на социјалните мрежи, тоа наиде на општа осуда во јавноста, а техничкиот премиер Оливер Спасовски и МНР во име на владата им се извини на претставниците на невладина организација „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light“ (HWPL), која одржува работилници во повеќе градови во земјава на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7, 8, 12 и 13 години.