Повеќе од 100 демократи во американскиот Претставнички дом потпишаа писмо со кое го отфрлаат мировниот план за Блискиот исток на претседателот Доналд Трамп, познат како „договор на векот“. Членовите на Демократската партија оценија дека планот „подеднакво ќе наштети и на Израелците и на Палестинците, втурнувајќи ги во поширок конфликт“.
„Тоа ја нема нашата поддршка, а на израелската влада не смее да и се дозволи да го прекршува меѓународното право со анексирање на сите делови на Западниот Брег“. Покрај исклучително проблематичната природа на вашиот предлог, темпирањето на објавата укажува на мотиви кои не се поврзани со помагање за решавање на израелско-палестинскиот конфликт“,
се посочува во писмото, чии иницијатори се пратениците Алан Ловентал и Енди Левин.
Во декември, Претставничкиот дом донесе резолуција во која се потврдува поддршката за дводржавно решение на палестинско-израелскиот конфликт, што може да се постигне само преку директни преговори, без еднострано анексија на територијата.
Поврзани вести: Договор на векот или заговор против Палестинците – реакции на мировниот план на Трамп за Блискиот Исток