Руското повлекување од Херсон ја покажува неверојатната храброст на украинските вооружени сили, рече генералниот секретар на НАТО
Целта на рускиот претседател Владимир Путин е „да ја остави Украина студена и темна оваа зима“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Руското повлекување од Херсон ја покажува неверојатната храброст на украинските вооружени сили. Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за преговорите за ставање крај на војната“,
рече шефот на воената алијанса за време на прес-конференцијата со членовите на холандската влада во Хаг додавајќи дека улогата на НАТО е да го поддржи Киев.
Тој нагласи дека не треба да се потценува Русија.
„Не треба да направиме грешка да ја потцениме Русија. Руските вооружени сили задржуваат значителни капацитети, како и голем број војници, а Русија покажа подготвеност да преземе значителни загуби. Тие исто така покажаа извонредна бруталност. Следните месеци ќе бидат тешки. Целта на Путин е да ја остави Украина во студ и темнина оваа зима. Затоа мораме да останеме на курсот“,
заклучи Столтенберг.