Тој потенцира дека силите ќе го бранат „секој сантиметар од територијата на НАТО“ и додаде дека ќе продолжат да нудат поддршка на Украина, како и на другите нации во регионот загрозени од Русија – вклучувајќи ги Грузија, Молдавија и Босна
НАТО распоредува дел од своите сили за брз одговор на копно, море и во воздух во источна Европа, соопшти генералниот секретар на Алијансата на прес-конференцијата вечерва во седиштето во Брисел, по состанокот на претставниците на НАТО.
„Ги распоредуваме силите за брз одговор на НАТО за прв пат во контекст на колективна одбрана. Зборуваме за илјадници војници. Зборуваме за воздушни и поморски способности. Имаме сили со висока подготвеност, силите за одговор на НАТО, и затоа ги распоредуваме. За да спречиме какво било недоразбирање дека не сме подготвени да ги заштитиме сите сојузници“,
изјави Столтенберг, додавајќи дека Европа се фокусира на зајакнување на својата сајбер одбрана.
Тој рече дека безбедносниот блок веќе ја зајакнал одбраната и дека САД, Канада и европските земји веќе распоредиле илјадници војници во регионот.
„Повеќе од 100 борбени авиони сега оперираат на 30 одбранбени локации во Европа, придружени од повеќе од 120 бродови и три групи носачи на авиони“,
рече Столтенберг.
Тој потенцира дека силите ќе го бранат „секој сантиметар од територијата на НАТО“ и додаде дека ќе продолжат да нудат поддршка на Украина, како и на другите нации во регионот загрозени од Русија – вклучувајќи ги Грузија, Молдавија и Босна.
Столтенберг истакна дека инвазијата предизвикала огромно страдање и тврди дека западните лидери мора „да бидат подготвени да направат повеќе, дури и ако тоа значи дека треба да платиме цена, бидејќи ние сме во ова на долг рок“.
„Светот ќе бара одговорност од Русија и Белорусија за нивните постапки. Русија како агресор, Белорусија како поддржувач“,
рече тој.
Столтенберг вели дека „целите на Кремљ не се ограничени само на Украина“ и забележува дека Русија побарала правно обврзувачки договори за запирање на понатамошното проширување на НАТО.
Пред новинарите изјави дека Русија го „скрши мирот во Европа“ и ја повика веднаш да го прекине нападот, да ги повлече своите сили од Украина и повторно да се врати на дијалогот.
„Одлуката на претседателот Путин да ја нападне Украина е ужасна стратешка грешка, за која Русија ќе плаќа тешка цена, и економски и политички, во наредните години. Нашите мерки се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалаторни“,
се вели во соопштението од претставниците на земјите-членки.
Столтенберг вели дека „целите на Кремљ не се ограничени само на Украина“ и забележува дека Русија побарала правно обврзувачки договори за запирање на понатамошното проширување на НАТО.
НАТО уште пред да се случи инвазијата, многу јасно кажа дека нема да испрати војници во Украина, која не е членка на Алијансата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги обвини европските лидери дека не преземаат доволно акција за да забават рускиот напад.