Републичкото Јавно обвинителство пред два дена соопшти дека по иницијатива на Антикорупциската комисија е поднесен обвинителен предлог против 12 лица за распределбата на спортските ваучери, а за кои се бара да им бидат определени мерки на претпазливост. Како што објави ТВ Телма, со обвинителниот предлог опфатени се директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и неговиот претходник на функцијата и пратеник во актуелниот состав на Собранието во заминување од редовите на СДСМ, Дарко Каевски
Предметот на Јавното обвинителство за работата на Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС) можеби ќе даде одговор на прашањето како Каевски, со првото вработување како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сосптвен стан, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според него, Каевски ниту еднаш не одговорил на ова прашање во јавноста, а СДСМ ниту еднаш не објаснил како дошол до концептот „голтари влезени во политиката, а потоа милионери“.
„Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето на дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол. Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување“,
посочи Стоилковски.
Тој нагласи дека Македонија тоне во корупција, криминал и партизација и најави проверка на имотот на поранешни и актуелни функционери доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.
„Ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината. Со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговараат за евентуални злоупотреби“,
изјави Стоилковски.
Републичкото Јавно обвинителство пред два дена соопшти дека по иницијатива на Антикорупциската комисија е поднесен обвинителен предлог против 12 лица за распределбата на спортските ваучери, а за кои се бара да им бидат определени мерки на претпазливост.
Антикорупциската комисија лани во февруари соопшти дека постојат сомневања оти директорот на Агенцијата за млади и спорт и членовите на Централната комисија за доделување на ваучерите во 2020, 2021 и 2022 година ја искористиле службената положба и спротивно на законите извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.
Како што објави ТВ Телма, со обвинителниот предлог опфатени се директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, неговиот претходник на функцијата и пратеник во актуелниот состав на Собранието во заминување од редовите на СДСМ, Дарко Каевски. Двајцата, според информациите, се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување. Меѓу обвинетите е и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димовски, кој во времето за кое се однесува случајот бил на чело на Централната комисија на АМС за доделување на ваучерите. Тој и преостанатите девет лица опфатени со обвинителниот предлог се осомничени за кривично дело несовесно работење.
Каевски ги отфрли како неосновани и тенденциозни наводите на Обвинителството и изрази сомнеж дека мотивите за ваквата постапка на Обвинителството се можеби злоупотреба на изборната кампања поради тоа што, како што рече, вештачењето е од 25 април годинава, односно ден по одржувањето на првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен три работни дена подоцна.
Каевски изрази уверување дека во транспарентна и фер постапка ќе се докаже неговата невиност.