Според голем број германски медиуми, вклучувајќи ги „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и „Билд“, вториот круг гласање за канцелар веројатно нема да се одржи денес. Причината е што тимот на Фридрих Мерц стравува дека уште еден пораз во истиот ден би бил уште покатастрофален за неговиот политички авторитет
Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, не беше избран за шеф на германската влада во првиот круг од гласањето во Бундестагот. Тој доби 310 од 621 глас на тајно гласање, што е за шест гласа помалку од потребното мнозинство од 316. Коалициските партии ХДС/ХСС и СДПГ заедно имаат 328 места во парламентот.
Германскиот Устав, Основниот закон, го регулира овој случај. Член 63, кој ги содржи правилата за избор на канцелар, вели:
„Доколку кандидатот не биде избран, Бундестагот може да го избере сојузниот канцелар со повеќе од половина од своите членови во рок од 14 дена од гласањето“.
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Доколку Мерц добие впечаток дека би можел да помине подобро во вториот круг на гласање отколку во првиот, може повторно да се кандидира во секое време. Во текот на двонеделниот период може да се одржат неограничен број гласања со различни кандидати. И нив ќе им биде потребно апсолутно мнозинство од најмалку 316 гласа за да бидат избрани.
Доколку никој не го постигне ова, условите ќе бидат намалени во следната фаза, кога за избор ќе биде доволно просто мнозинство гласови.
Денеска нема да има второ гласање
Според голем број германски медиуми, вклучувајќи ги „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и „Билд“, вториот круг гласање за канцелар веројатно нема да се одржи денес. Причината е што тимот на Фридрих Мерц стравува дека уште еден пораз во истиот ден би бил уште покатастрофален за неговиот политички авторитет.
Извори од Бундестагот наведуваат дека политичките групи во моментов се во кризни консултации. Исто така, според информациите на „Билд“ од пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, денеска нема да има втор круг гласање. Ова го потврдува и генералниот секретар на ЦДУ, Карстен Линеман.
Првични реакции
Откако Мерц не беше избран за канцелар, стигнаа и првите реакции. Поранешниот пратеник на Зелените, Фолкер Бек (64), напиша на Икс дека некои луѓе веројатно сакаат да ја видат републиката како гори.
Тој остро ги нападна пратениците на коалицијата кои не гласаа за Мерц.
„Неодговорно е кога демократските претставници не ја препознаваат сериозноста на ситуацијата“,
напиша тој.
Јирген Хардт, експерт за надворешна политика во ЦДУ, исто така реагираше на Икс.
„Оние во коалицијата што не гласаа за Фридрих Мерц мора да се прашаат чиј бизнис го водат. Имаме состанок на парламентарната група во 10:30 часот“,
напиша тој.
АФД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да стане канцелар во првиот круг од парламентарното гласање.
Лидерот на АФД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц има шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува слабите темели врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече Бернд Бауман, првиот секретар на парламентарната група на АфД, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои сплетки во периодот пред изборите, за монструозна изборна измама каква што никогаш порано не е видена“,