Денеска во земјава пристигнаа 30 илјади вакцини „Синовак“. Пратката е донација од Турција, а веста за вакцините ја објави министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека вакцините во најкус рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови.
„Сакам да изразам голема благодарност до Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“,
напиша Филипче.
Пред четири дена министерот Филипче заедно со премиерот Заев беа во Истанбул на средба со претседателот Ердоган, како што соопштија претходно од Владата, било истакнато дека Турција ќе продолжи да ја помага Северна Македонија и во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.
