Директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ верува дека ќе се почитува изготвениот здрсвствен проткол за време на спроведувањето на пописот од 1 април.
Таа во интервју за МИА, вели дека протколот е детален и точно опфаќа како ќе се попишуваат граѓаните, и оние во изолација, со цел да не се шири вирусот додека овој процес трае.
„Комисијата за заразни болести која навистина е една високо професионален тим на стручњаци со различни специјалности го изготвија протоколот за спроведување на пописот и тоа следејќи ги сите фази на процесот на попишување, од тестирање, преку обучување до спроведувањето на терен, вклучувајќи со посебни дополнителни мерки и за оние, за онаа популација која ќе биде во изолација или ќе биде заболена. Најдетално се опфатени сите движења, сите возможни комуникации за време на пописот или на секоја една фаза од процесот на целиот попис, така што со преземање на соодветни мерки кои се и предвидени за секој момент и на движење во време на пописот апсолутно верувам дека се обезбедуваат максимални услови за минимизирање на какво било ширење на инфекцијата понатаму. Се разбира, јас сум повеќе од сигурна дека тој исто така ќе се спроведува доследно, како што е и напишан и верувам дека нема да се има каков било проблем затоа што е навистина многу детално обработен и мислам дека обезбедува апсолутно сигурни услови за спроведување на пописот“,
вели Стевановиќ.
Додава дека можеби луѓето навистина стравуваат да ги примат попишувачите дома, но таа гарантира дека протоколот ќе обезбеди заштита.
„Не можам да предвидам колку од луѓето стравуваат или не стравуваат и дали би ги пуштиле попишувачите или не секако, но исто така верувам дека ако се плашат граѓаните, можеби сега, знаете како е, сепак зборува – еден бел мантил тука кој 13 месеци се бори со ковид-19 и имаше прилика да види различни состојби. Ако граѓаните се плашат толку колку што барем ни се презентира дека се плашат од ковид-инфекцијата немаше да имаме ние толкави бројки на ковид-заразени. Навистина сметам дека нашето однесување мораме да го донесеме до максимум сериозен однос кон ширењето на инфекцијата и ако се придржуваме до се нема да има проблем ниту за попис, ниту за какво било ширење од друг извор, можен извор или ризик на инфекцијата. Повеќе од сигурна сум дека кога би се однесувале соодветно секаде од продавница до попис нема да имаме никаков проблем“,
вели Стевановиќ.