Ставот на Синдикатот е К-15 да се исплати согласно утврденото во колективните договори
Работодавачите кои не им исплаќаат на работниците регрес за годишен одмор треба кривично да одговараат, сметаа од Сојузот на синдикати. Оттаму тврдат дека нема преговори со Организацијата на работодавачи да не се исплаќа К-15.
Ставот на ССМ, како што велат, е јасен, К-15 да се исплати согласно утврденото во колективните договори.
„Истовремено, потсетуваме дека ист став по ова прашање, како ССМ, има и Владата“,
велат од Синдикатот.
Од ССМ посочуваат дека исплатата на регресот за годишен одмор е право на работниците, а обврска на работодавачите, воспоставена по пат на социјален дијалог, утврдена во колективен договор.
„Ќе се погрижиме оние кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ кривично да одговараат“,
истакнува Дарко Димовски, претседател на ССМ.