Учениците во Србија, од 5. до 8. одделение и средношколците, од денеска се враќаат на настава со физичко присуство откако пет недели беа префрлени на онлајн-предавања.
Учениците од 1. до 4. одделение и досега, поделени во групи, одеа на настава. Основните од погорните одделенија, кои од денеска се враќаат во училиштата, ќе одат наизменично – еден ден во училиште, друг онлајн.
Средношколците, пак, една недела ќе одат на училиште, а една ќе следат наставата од дома.
Часовите на учениците ќе траат по 30 минути и учениците имаат обврска да носат заштитни маски и да одржуваат дистанца.
Одлуката за враќање во училиштата Кризниот штаб во Србија ја донесе во петокот откако епидемиолозите претходно констатираа дека бројот на нови пациенти, иако не бргу, сепак, се намалува.