Причина што овие места се сметаат за главни извори на зараза е неодговорноста на граѓаните, бидејќи, според него, не е точно дека не е можно да се почитуваат мерките и таму, односно да се носат маски дури и кога се пие кафе
Кафулињата и рестораните се главните места каде што не се почитуваат мерките за заштита и затоа за нивното отворање треба да се разговара дури кога ќе има значителен пад на бројот на заразени, смета главниот српски епидемиолог Предраг Кон.
Но, тој смета дека, со оглед на најавата за потопло време, прашањето за отворањето барем на терасите и градините сигурно наскоро ќе се најде на дневен ред на Кризниот штаб.
Тој смета дека причина што овие места се сметаат за главни извори на зараза е неодговорноста на граѓаните, бидејќи, според него, не е точно дека не е можно да се почитуваат мерките во кафулињата, односно да се носат маски дури и кога се пие кафе.
„Ние сме многу способни да избегнеме разни забрани“,
истакнува Кон.
За отворањето на другите објекти, како што се фризерски салони и спортски сали по само пет дена затворање, Кон рече дека тоа не е доволно за да се запре циркулацијата на вирусот и дека ваквата одлука е по „економски диктат“.
„Тоа секако го отежнува спречувањето контакти кога ќе отворите можност за малопродажба, но постои мерка за девет квадратни метри по лице. Доколку се почитуваат овие мерки, би можеле да обезбедиме стабилизирање на активноста на вирусот во оваа ситуација. Но ние веќе утврдивме дека не се почитуваат“,
рече Кон, кој е дел од Кризниот штаб и предлага двонеделно затворање на сите објекти од несуштинска потреба.
Србија од вчера ги олабави рестрикциите што беа во сила само пет дена и ги отвори фризерските салони, теретаните, спортските сали, шалтерска продажба на храна и пијалаци, со мерки за 9 до 16 квадратни мерки по лице внатре во објектите. Единствено останаа затворени трговските центри и кафеаните.