Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопштија од српската влада, Брнабиќ се очекува да одржи средба со премиерот Димитар Ковачевски.
По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, кој ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“.