Онлајн наставата за средношколците во Тетово и Гостивар ќе продолжи до 20 септември, одлучи вечерва Владата на редовна седница.
Ова е една од мерките со цел да се намали бројот на заразени од ковид-19, бидејќи овие два града беа на удар од вирусот во летниот период.
Од владината прес – служба соопштија дека Владата на денешната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.