Од владината прес-служба соопштија дека на средбата биле потенцирани клучните полиња поради чие загрозување може да настапи санкцијата предвидена со извршната наредба, а кои може да се однесуваат на лица кои ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан
Извршната наредба од американскиот претседател Џо Бајден, која содржи јасни критериуми во делот на санкции за лица што дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан, беше тема на средбата на премиерот Зоран Заев со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз.

Од владината прес-служба соопштија дека на средбата биле потенцирани клучните полиња поради чие загрозување може да настапи санкцијата предвидена со извршната наредба, а кои може да се однесуваат на лица кои ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан, како и оние што вршат корупција или ги загрозуваат човековите права и демократијата.
„Заев и Брнз заеднички ја констатираа вредноста и ефективноста на извршната наредба на претседателот Бајден, особено ако се има предвид дека преку неа може да се оневозможи влез на физички субјекти и лица од Западен Балкан кои се одговорни за корупција, за злоупотреба на јавни или приватни средства за мито или за политички цели, како и за нарушување на мирот, стабилноста и демократијата“,
се вели во соопштението од средбата.