Двајцата претседатели на социјалните мрежи ја оценија средбата како отворена, искрена и плодна за сите важни прашања кои се од заеднички интерес
Вучиќ, по средбата со Зеленски, рече дека претстои „жешка есен“ и дека ситуацијата во Украина не е лесна и едноставна, дека ништо не оди брзо и нема брзо да се реши и, како што рече, претстојат уште многу проблеми
Имавме добар и отворен разговор за сите важни прашања, како за Србија и Украина така и за целиот регион и светот. Вака српскиот претседател Александар Вучиќ ја оценува средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски која се одржа во Атина.
„Ги разгледавме настаните во Украина и Косово и уште еднаш нагласив дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“,
напиша Вучиќ на Инстаграм.
И украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени средбата со Вучиќ како отворена, искрена и плодна.
Тој на Твитер напиша дека тоа бил добар разговор за почитување на Повелбата на ОН и неповредливоста на границите.
„За заедничката иднина на нашите народи во заедничкиот европски дом. За развивање на нашите односи, тоа е наш заеднички интерес“,
напиша Зеленски на Твитер.
An open, honest, and fruitful meeting with the President of Serbia @AVucic.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 22, 2023
Good conversation on respect for the UN Charter and the inviolability of borders.
On our nations’ shared future in the common European home.
On developing our relations, that is in our mutual interest. pic.twitter.com/t7d9DdUH7M
Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со Зеленски рече дека украинскиот претседател се интересирал и за тоа што мислат луѓето во Србија.
„Го потврдив фактот дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и дека тоа нема да се промени, за разлика од некои кои би го почитувале територијалниот интегритет на Украина, но не би го почитувале територијалниот интегритет на Србија“,
рече Вучиќ.
Тој додаде дека на средбата било разговарано и за различни форми на соработка во иднина
„Украина никогаш не направи ништо против Србија, ниту ние направивме нешто против Украина. Се трудевме да не бидеме најгласни ниту во обвинувањата кон другите, наша работа е да ги заштитиме нашите интереси“,
рече Вучиќ наведувајќи дека синоќа била усвоена заедничка декларација, а Србија не се согласила на две работи, од кои едната е санкциите кон Русија.
Вучиќ рече дека претстои „жешка есен“ и дека ситуацијата во Украина не е лесна и едноставна, дека ништо не оди брзо и нема брзо да се реши и, како што рече, претстојат уште многу проблеми.
„Им благодариме на нашите партнери што ја разбраа позицијата на Србија и дека има работи за кои не сме подготвени да одлучуваме во овој момент“,
рече Вучиќ.
Вучиќ посочи дека средбата во Атина е можност да се разговара со европските лидери, да се разменат искуства за европскиот пат на земјите од Западен Балкан и нивната иднина.
Тој изјави дека во декември може да се очекува повеќе отколку само датумот за почеток на преговорите за влез на Молдавија и Украина во ЕУ.
„За нас е важно да погледнеме што можеме да направиме со ЕУ, важно е тоа што го кажаа за единствениот економски пазар, не е лесно, но за нас е исклучително важно. Тоа дополнително би го стимулирало растот кај нас, би биле попривлечни за странските инвеститори“,
рече Вучиќ.
Вучиќ престојува во Атина, каде што синоќа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис организираше неформална вечера за регионалните лидери.