Прифаќањето на референдумите, вели Селаковиќ, од една страна е целосно спротивно на Повелбата на Обединетите нации и норми на меѓународното јавно право, а од друга страна, би било целосно спротивно на државните и националните интереси на Србија
Одговарајќи на новнарско прашање каква порака испраќа Србија со договорот што пред два дена беше потпишан со шефот на руската дипломатија Лавров, а кој е во насока на консултации на минстерствата за надворешни работи на двете земји во следните две години, Селаковиќ кажа дека договорот го критикуваат само оние што не го прочитале и дека тој служи само како доволен изговор за напад на Србија
Согласно Повелбата на Обединетите нации и норми на меѓународното јавно право, Србија не може да ги прифати резултатите од референдумот кој се спроведува во украинските региони, изјави шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ.
Прифаќањето на референдумите, додаде тој, би било целосно спротивно на државните и националните интереси на Србија.
„Од една страна, нашата посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации е принципиелна, а од друга страна, тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашите политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите“,
рече Селаковиќ одговрајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Пред два дена, шефовите на српската и руската дипломатија, Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров во Њујорк потпишаа План за консултации на министерствата за надворешни работи на двете земји за следните две години.
FM #Selakovic and FM #Lavrov of @mfa_russia
— MFA Serbia 🇷🇸 (@MFASerbia) September 23, 2022
signed in New York, at #UNGA77 margins, the Plan of Consultations Between the MFA of Serbia and the MFA of Russia for 2023-2024. pic.twitter.com/340ou62Bdu
Во таа насока, одговарајќи на новнарско прашање каква порака испраќа Србија со договорот што беше потпишан со шефот на руската дипломатија Лавров, Селаковиќ одговори дека договорот го критикуваат само оние што не го прочитале и дека тој служи само како доволен изговор за напад на Србија.
„Тој договор се потпишува од 1996 година и тоа е техничка работа, нема конотација на безбедносна политика. Станува збор за билатерални односи и мултилатерална активност. Владата можеше да отфрли таков план, но во него нема ништо спорно, а е критикуван од оние кои не го ни виделе“,
рече Селаковиќ.
Србија е една од ретките европски држави која не воведе санкции против Москва откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари годинава. Сепак, Србија повторува дека го поддржува украинскиот територијален интегритет, и правејќи паралела со Косово, бара непроменливост на границите.
Вчера, српскиот претседател Александар Вучиќ од Њујорк изјави дека е речиси сигурен дека западните сили ќе се обидат да ја исклучат Русија од Советот на безбедност на Обединетите нации (ОН), но, посочи оти Србија нема да гласа за тоа.
Во таа насока, Вучиќ додаде дека исклучувањето на Руската Федерација од Советот на безбедност негативно ќе се рефлектира и врз Србија, особено, како што кажа, во однос на Косово.
На маргините на 77. Сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Вучиќ, меѓу другото, се сретна со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, при што нагласиле оти е потребно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји и продолжувањето на интензивниот дијалог на највисоко ниво.
По средбата со Лавров, Вучиќ објаснил дека се надева оти Србија нема да воведе антируски санкции.