Според актуелниот попис, во Србија живеат 6 690 887 луѓе што е речиси половина милион жители помалку во однос на пописот од 2011 година, кога во земјата живееле 7 186 862 луѓе
Бројот на жители во Србија е помал за 495 975 во однос на пописот од 2011 година, покажуваат првите резултати од пописот на населението, домаќинствата и становите во оваа земја што беше спроведен во октомври годинава.
Директорот на Републичкиот институт за статистика (РЗС) Миладин Ковачевиќ изјави дека пописот покажал дека во Србија живеат 6 690 887 луѓе.
Според пописот од 2011 година, пак, во Србија живееле 7 186 862 луѓе.
Според пописот, најголем пораст на бројот на станови е забележан во регионот на Белград за 18,55 отсто.
Најголем демографски пад на населението е забележан во Црно Трава, како и во општините Гаџин Хан, Бабушница и Рековац.
Пописот во Србија беше спроведен од 1 до 31 октомври 2022 година. Првично беше планирано да се спроведе во април 2021 година, но двапати беше одложен поради пандемијата со коронавирусот.