Дуел или дебата со кого било во државата, вклучително и со претседателот на една од опозициските партии ќе се случи, но справувањето со енергетската и економската криза не се прави преку дуели и политичка дебата, туку се прави преку работа и соработка и преку посветено работење пред се во парламентот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски .
Според премиерот, парламентот е место каде што, како што кажа, „треба да бидат одобрувани сите закони и решенија кои се од интерес на граѓаните, наместо да се блокираат за ситни политички поени поради што не може да се реализираат антикризни мерки или финансирање на ликвидноста на секторот“.
„Така што, за сè ќе дојде време, па и за тоа“,
рече Ковачевски.
Прашан зошто не прифаќа интервју за одредени медиуми, Ковачевски рече дека секаде каде што ќе го повикаат и каде што ќе може да се усогласи терминот, во најголем број телевизии и медиуми има дадено интервју.