Со победата во оваа сојузна држава, Трамп добива уше 15 електорски гласа. Според најновите проекции на Си-ен-ен, Трамп во моментов има 291 електорски глас, од 270 што му се потребни за да стане претседател, додека Харис има 223
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја освои и Мичиген – една од седумте клучни држави за изборите за претседател во САД – според проекциите на Си-ен-ен.
Со победата во оваа сојузна држава, Трамп добива уше 15 електорски гласа. Според најновите проекции на Си-ен-ен, Трамп има 291 електорски глас, од 270 што му се потребни за да стане претседател, додека Харис има 223.
Изборниот резултат во Мичиген, според американската телевизија, е 49,8 отсто освоени гласови за Трамп наспроти освоени 48,3 проценти од гласовите за неговата противкандидатка, демократката Камала Харис.
Мичиген се сметаше за клучна држава на патот на Харис да ја задржи Белата куќа во рацете на демократите.
Трамп го освои Мичиген и на изборите во 2016 година со нешто повеќе од 10 000 гласови од тогашната противничка од редовите на демократите, Хилари Клинтон, со што стана првиот републикански кандидат кој двапати ја освоил државата во речиси три децении.