Министрите за внатрешни работи и здравство, Оливер Спасовски и Венко Филипче, во придружба со директорот на Бирото за јвна безбедност, Сашо Тасевски, денеска беа во посета на повредениот полицаец кој ноќеска беше прегазен во Скопје, во близина на фабриката ОХИС.

„Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните.
напиша Спасовски на Фејсбук.
Уште еднаш би сакал да нагласам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат“,

Полицискиот службеник бил удрен од автомобил марка „цитроен берлинго“ на булеварот „Борис Трајковски“ додека извршувал службени дејствија. Возачот на возилото А.Д.(19) и совозачот К.М. (21) избегале од местото на настанот, но подоцна се пронајдени и приведени. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.