Едно лице е приведено за нападот врз бизнисменот Љупчо Палевски, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, без да даде други детали.
Палевски среде бел ден, на 17 септември беше нападнат од две лица со метален предмет кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.
МВР тогаш објави дека се работи за двајца напаѓачи. Порталот Информакс вечерта објави фотографија на Палевски во болниџата Аџибадем Систина, заедно со информацијата дека напаѓачите биле и снимени од безбедносни камери и иако носеле црни кациги на главите, се препознаени, бидејќи снимките ги забележале и без нив.
Нападот го осудија и власта и опозицијата.