Според него, комплексен е начинот на носење одлуки во партиите во однос на изборот за кандидат за шеф на државата
Запознаен сум дека се прават анкети и дека долгата партиска листа се намалува, рече професорот на Правниот факултет, Александар Спасеновски вечерва во гостувањето на централниот Дневник на телевизија Сител, говорејќи за претстојните претседателски и парламентарни избори, а во врска со тоа дека се споменува и неговото име за кандидат за претседател.

„Запознаен сум дека се прават анкети и дека долгата партиска листа се намалува. Сепак, личниот рејтинг и политичките ставови се само дел од критериумите бидејќи партиите при изборот се водат и од други познати и помалку познати варијабли“,
рече Спасеновски.
Професорот напомена дека е комплексен начинот на носење одлуки во партиите во однос на изборот за кандидат за шеф на државата.
„Оттука, а имајќи ги во предвид минатите искуства е дека секакви опции се возможни“,
рече Спасеновски.