На чекор до пласман во осминафиналето беше и Уругвај, кој со 2-0 триумфираше над Гана, но победата на Јужна Кореја значеше дека на Уругвајците им е потребна победа од најмалку три гола разлика
Во драматична завршница во последното коло во групата Х на Светското првенство во Катар, репрезентацијата на Јужна Кореја успеа да приреди изненадување и со гол во судиското продолжение да ја совлада Португалија со резултат 2-1.

Со победата Јужна Кореја го осигура второто место на табелата во групата Х, каде Португалија е прва и обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство.
Репрезентацијата на Јужна Кореја беше во негатива во дуелот против Португалија, која од претходно го обезбеди пласманот во нокаут фазата. Португалците дојдоа во водство преку Рикардо Хорта во 5. минута. Јужна Кореја успеаја да ја анулираа негативата со израмнувачкиот гол на Ким Јонг Гвон, а победата ја обезбедија во првата минута од судиското продолжение преку Хванг Хе Чан.
На чекор до пласман во осминафиналето беше и Уругвај, кој со 2-0 триумфираше над Гана, но победата на Јужна Кореја значеше дека на Уругвајците им е потребна победа од најмалку три гола разлика.
Двоен стрелец за Уругвај беше Џорџиан де Араскаета во 26. и 32. Минута, откако претходно Гана не реализираше пенал.
Конечниот распоред на табелата во групата Х е: Португалија на првото место, втора е Јужна Кореја, трета е репрезентацијата на Уругвај и последен, четврти е тимот на Гана.