Вонредната седница е свикана на барање на британскиот премиер и британската министерка за надворешни работи
Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница по повод синоќешниот напад на нуклеарната централа во Украина од страна на руските сили.
Предвидено е говор да има и претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Вонредната седница е на барање на британскиот премиер Борис Џонсон и шефицата на дипломатијата Лиз Трас.
Photo: EPA/MATT CAMPBELL