Маж и жена од струмичкото село Мокриево на возраст од 69 и 70 години го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи доцна попладнево во близина на селото Колешино. Според неофицијалните информации, најверојатно поради неприлагодена брзина возилото излеталот од коловозот и завршило во каналот покрај патот. Сопружниците починале на лице место, а поради големите оштетувања на автомобилот во извлекувањето на телата биле вклучени и пожарникарите од струмичката единица.
Инаку за неполни 24 часса ова е втора сообраќајна несреќа во која животот ја губат лица од селото Мокриево. Вчера на патот Ново Село – Мокриево во сообраќајна несреќа животот го загуби 38 маж од истото село, а уште две лица кои биле во автомобилот беа повредени.