Несреќата се случила денеска околу 14 часот во близина на депонија во селото Никуштак
Во близина на депонија во село Никуштак, на стариот пат Куманово – Скопје, попладнево се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. По несреќата, тие се пренесени на Скопскиот клинички центар.
Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи, во сообраќајката учествувале возило „опел астра“ со кумановски регистарски таблички и „шкода суперб“, исто така со кумановски регистрации.
Несреќата била пријавена околу 14 часот.
Полициски екипи вршат увид на местото на настанот.