Според првичните информации, како што пренесува МИА, нема тешко повредени лица
Во сообраќајка што денеска се случи во близина на селото Драмче, на патот Делчево – Македонска Каменица, се судрија патничко возило марка „ауди“ и товарно возило марка „мерцедес“, информира новинската агенција МИА.

Поради тоа, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица.
На местото на сообраќајката се наоѓаат екипи на Итната медицинска помош и полицијата.
Според првичните информации, како што пренесува МИА, нема тешко повредени лица.
Не се познати повеќе информации за тоа колку време ќе биде во прекин сообраќајот на делницата.