Сите поминале со полесни повреди, освен едно кое има скршени ребра. Поради сообраќајката создадена е колона возила, но набрзо се очекува да се заврши увидот и сообраќајот да се нормализира
Доцна попладнево тешка сообраќајка се случила во близина на дебарското село Долно Косоврасти на патниот правец Дебар-Маврово. Во неа учествувале три возила, а повредени се десет лица.
Сите поминале со помали повреди освен едно лице, кое има скршени ребра.
„Веднаш по добиената информација возила на Брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции“,
изјави за МИА, Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.
Едно од возилата е со битолски, едно со скопски, а третото со словенечки регистарски ознаки.
Поради сообраќајката се создала колона возила, но набрзо се очекува да заврши увидот и да се нормализира сообраќајот.