По претходната средба на Министерството и Синдикатот, која се одржа во вторникот, првиот човек на СОНК, Јаким Неделков и министерката Јованка Тренчевска се согласија оти спорот помеѓу двете страни е сè поблиску до конечно решение, а до кое се надеваат дека ќе дојде до крајот на оваа недела
Освен со МТСП, лидерот на СОНК во вторникот имаше и средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири по која изјавија оти по 19 дена преговори со медијатор успешно го решиле спорот
По средбата пред три дена, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска повторно ќе седнат на преговарачка маса, на нова рунда преговори за барањата на Синдикатот.
По денешната средба на МТСП и СОНК која е предвидено да започне во 10:45 часот во просториите на Министерството, предвидена е изјава за медиуми, информира Министерството за труд и социјална политика.
По претходната средба на Министерството и Синдикатот, која се одржа во вторникот, и првиот човек на СОНК, Неделков и министерката Тренчевска се согласија оти спорот помеѓу двете страни е сè поблиску до конечно решение, а до кое се надеваат дека ќе дојде до крајот на оваа недела.
Министерката тогаш посочи дека МТСП и СОНК се приближуваат кон ставовите, меѓутоа потребно е дополнително време за, како што рече, предлозите и од двете страни да бидат усогласени во институциите.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека доколку не се дојде до заемно прифатливо решение со Министерството, тоа може да има последици, меѓутоа надминувањето на горчливиот проблем, како што рече, оди во добар правец.
Освен со МТСП, лидерот на СОНК во вторникот имаше и средба со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, по која изјавија оти по 19 дена преговори со медијатор, успешно го решиле спорот.
Неделков по средбата рече дека ставовите се приближени со посредство на помирувачот кој ги дал предлозите, а кои обете страни во овој спор ги прифатиле. Тоа значи дека вработените во основното и средното образование ќе добијат 15 отсто повисоки плати од септември, ќе има усогласување на платите со минималната, ќе се потпишат колективни договори со другите барања и штрајкувачите ќе добијат дневници за деновите на штрајкот.
Сепак, тој рече дека ова за што е постигната согласност со МОН, ќе треба да помине и во органите на СОНК и изрази надеж дека членството и Советот ќе дадат зелено светло, по што тој ќе добие овластување да потпише спогодба.