Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималните температури ќе се движат во интервал од минус три до пет степени Целзиусови, а максималните ќе достигнат од седум до 14 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до нула, а максималните ќе достигнат до 12 степени.
Во сабота ќе преовладува претежно облачно време, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.