Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -4 до 4 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 18 степени
Сончево и релативно топло – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нè очекува денеска во земјава. Во утринските часови ќе има магла по котлините, која ќе се намалува во текот на денот.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -4 до 4 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 9 до 18 степени.
Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -2 до максимални 9 степени.
Сончево и умерено облачно време, со појава на магла по котлините, УХМР прогнозира и за утре.