Во ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 8, информираат од УХМР.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.
Во ноќните часови и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите значително ќе се намалат.