Сончевото и топло време ќе се задржи и утре, а во четврток и петок на места се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 23 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 32 до 40 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 19 до максимални 39 степени.
Според најавата на УХМР, сончевото и топло време ќе се задржи и утре, а во четврток и петок на места се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени.
