Попладне на места ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кој ќе дува претежно од западен правец
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кој ќе дува претежно од западен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 22 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите ќе се движат од минимални 20 до максимални 38 степени.
За деновите од викендот УХМР најавува сончево и топло време во претпладневните часови, а за попладне можна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
