Во Црна Гора заразено е семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург

Хрватска и Црна Гора се првите земји од регионот во кои е идентификуван новиот сој на ковид-19, омикрон. Дел од хрватските меидуми уште во петокот ја објавија оваа информација, а потоа е потврдена и од страна на Институтот Руѓер Бошковиќ.
Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност дека е заразено со омикрон, поради контактот со лице кое пристигнало од Јужна Африка.
Првите случаи на заразени со сојот омикрон коронавирус се регистрирани и во Црна Гора. Заразено е семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
„Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми“,
се вели во соопштението од институтот.
Едно лице заразено со нов вид на коронавирус пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември.