Пред зградата на Собранието има стотина граѓани кои седнати под сенките во паркот Жена-борец ја следат собраниската седница во живо
Пред Собранието и денеска повторно се собрани граѓани кои протестираат против прифаќањето на францускиот предлог.

Во Собранието, втор ден во тек е расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија. А, пред зградата на Собранието има стотина граѓани кои седнати под сенките во паркот Жена-борец ја следат собраниската седница во живо.

Пред и околу собраниската зграда присутно е полициско обезбедување, а улицата пред Собранието е затворена за сообраќај.

