Предлог-одлуката за петмина потпретседатели најверојатно денеска ќе биде на дневен ред пред пратениците. Како што информираше на денешната средба со новинарите претседателот на Собранието, Талат Џафери, на координативната средба пратеничките групи се согласиле да продолжи оваа седница.
До завршување на расправата, како што појасни Џафери, пратениците може да поднесат амандмани за промена на оваа одлука, а тој како предлагач да се изјасни за неа.
„Усогласено е седницата да продолжи, а за персоналниот состав ќе остане волја на политичките партии“,
рече Џафери.
Според него, опозицијата треба да има едно потпретседателско место, двајца да предложи Комисијата за избори, а другите двајца се на мнозинството.
Собранието веќе втор месец функционира без потпретседатели откако спикерот им се налути на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, кои, иако на координација се согласиле да има пет собраниски претседатели, потоа настапија со поинакви ставови во јавноста.
