Според украинската страна, усвојувањето на резолуцијата испраќа јасна порака до Русија: „Престанете со војната против Украина, престанете со нападите врз болниците“
Собранието на Светската здравствена организација (СЗО) разгледуваше и потоа усвоија усвои резолуција со која се осудуваат руските акции во Украина, што доведоа до вонредна состојба во здравството.
Резолуцијата беше усвоена со 88 гласа „за“, 12 „против“ и 53 „воздржани“.
Амбасадорката на Украина во ОН посочи дека усвојувањето на резолуцијата испраќа јасна порака до Русија: „Престанете со војната против Украина, престанете со нападите врз болниците.“
Усвојувањето на резолуцијата, сепак, не го суспендира правото на глас на Русија во оваа здравствена организација на СЗО.
Земјите-членки на СЗО треба да гласаат и за паралелниот предлог поднесен од Русија, кој исто така изразува длабока загриженост за моменталната здравствена состојба во и околу Украина, но во кој руската страна не ја споменува сопствената улога во кризата.