Христовски за во наредниот период рече дека ќе се остварат и други ветувања од предизборната кампања како што се нови катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода

Со усвојување на одлука за поевтин паркинг, а среде економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие (ЈП) „Градски паркинг“ им излезе во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот и го реализира она кое е ветено пред скопјани, рече денеска директорот на ова ЈП, Бојан Христовски откако вчера Управниот одбор донесе одлука цените за еден час паркирање да се намалат од 5 до 25 денари, во зависност за која зона станува збор.
„Нашата цел како Јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните во градот Скопје“,
вели Христовски посочувајќи дека намалувањето било на иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска.
Според вчерашната одлука на Управниот одбор на „Градски паркинг“ предвидено е намалување на цените за зонско паркирање и тоа:
- Во зона А0 цената се намалува од 100 на 75 денари за еден час;
- Во зона А цената се намалува од 50 на 40 денари за еден час;
- Во зона Б цената се намалува од 40 на 30 денари за еден час;
- Во зоните Ц и Д цената се намалува од 30 на 25 денари за еден час.
Новите цени ќе стапат на сила од 1 март 2022 година.
Христовски за во наредниот период рече дека ќе се остварат и други ветувања од предизборната кампања како што се нови катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода.