Француската лабораторија „Санофи“ објави позитивни резултати од втората фаза од клиничкото испитување на нејзината вакцина против ковид-19, која ја развива со британскиот ГСК.
Резултатите од втората фаза покажуваат дека вакцината предизвикува производство на високи концентрации на неутрализирачки антитела кај лицата од сите возрасни групи на нивоа споредливи со антителата кај лицата што прележале ковид-19.
Двата гиганти, „Синофи“ и ГСК, доцнат со својата вакцина откако минатата година се соочија со неуспех во претходната фаза од испитувањето. Сепак, и покрај неколкумесечното доцнење, француската лабораторија верува дека нејзината вакцина ќе го најде своето место на пазарот со оглед на големата побарувачка на глобално ниво и појавата на нови варијанти на вирусот.