Во Маврово, снегот кој врне од изутринава, создаде покривка од десетина сантиметри и создава тешкотии во одвивањето на сообраќајот кај Мавровското Езеро
Снежните врнежи во гостиварско го отежнаа сообраќајот и на два патни правци воведена е забрана за тешки товарни возила (делницата Гостивар – премин Стража и Гостивар – Маврови Анови), а на возачите им се препорачува да не тргнуваат на пат без зимска опрема.
Од СВР Тетово информираат дека забраната е воведена од 13:00 часот и се препорачува да ја приспособат брзината на движење според условите на патот, особено ако се движат кон планинските подрачја.
„Посебно внимание возачите треба да обрнат доколку се движат по регионалниот пат кон Дебар, по долината на Радика, каде коловозот е влажен и лизгав. Временските услови по овој патен правец може да предизвикаат и одрони од камења“,
вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во Маврово, снегот кој врне од изутринава, создаде покривка од десетина сантиметри и создава тешкотии во одвивањето на сообраќајот кај Мавровското Езеро. Според информациите од терен, екипи на „Македонија пат“ се на терен и обезбедуваат проодност во регионот.