Од утре Словенија ја засилува и конторолата на надворешните граници поради алармантната состојба во некои држави од Западен Балкан, и во Словенија ќе може да се влезе само со негативен ПЦР – тест
Владата на Словенија денеска ги прифати препораките на епидемиолозите за построги мерки поради зголемениот број на заразени луѓе со ковид-19.
Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат продавниците и службите кои не се неопходни, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а за државните и приватните фирми е препорачано користење на годишните одмори.
Се враќа наставата од далечина, додека децата, чие родители се вработени во важната државна инфраструктура, ќе бидат згрижени во градинките и училиштата.
Ќе биде забрането движење надвор од регионот, освен за Велигден кога ќе биде дозволено собирање на шест лица од две домаќинства заедно со децата.
Повторно се враќа задолжителното носење заштитни маски на отворено.
Од утре Словенија ја засилува и конторолата на надворешните граници поради, како што наведе премиерот Јанез Јанша, „алармантната состојба“ во некои држави од Западен Балкан и во Словенија ќе може да се влезе само со негативен ПЦР тест.
Во Словенија во изминатите 24 часа потврдени се 640 новозаразени, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата се искачи на 212 678 инфицирани со ковид-19, а регистрирани се седум смртни случаи, или вкупно 4 018 досега.