Тестот треба да е изработен од ИЈЗ
За влез во Словенија ќе мора да приложиме негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, објави Словенечката амбасада во земјава.
„Тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а во Северна Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во Скопје“,
посочуваат од Амбасадата.
Исто така, останува и опцијата за влез во Словенија без тест и карантин, која е со единствена цел за одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со член на потесното семејство кој приложил негативен тест.
Одлуката на словенечката влада за влез на македонски државјани во државата стапува во сила од денеска.
