Според податоците на словенечките власти, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 55 нови случаи на коронавирусот, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени во последните пет месеци.
Во изминатото деноноќие тестирани се 1 608 луѓе, а едно лице починало.
Бројот на хоспитализирани се зголеми за 26, а двајца пациенти вчера излегле од болница.
Вкупно четворица пациенти се лекуваат на интензивна нега.
Во Словенија од почетокот на епидемијата се заразени вкупно речиси 3 000 луѓе, а 134 починале.
Словенија беше првата земја во регионот која прогласи победа над коронавирусот уште во мај.
Но, потоа во текот на јуни и летните месеци, повеќепати се разгледуваше мерката за повторно воведување рестрикции, поради спорадичен пораст на заразени.
Минатиот месец, словенечките власти изразија загриженост поради увоз на нови случаи.
Корона-кризата предизвика крупна корупциска афера во Владата на Јанша, кога беше приведен министерот за економија Здравко Почивалшек за незаконска набавка на медицинска опрема.
Поради полициската акција, во која беа извршени претреси во 11 објекти, министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер поднесоа оставки, обвинувајќи дека е направена поради политички цели.
Аферата ја откри државната телевизија, каде што беа објавени документи и снимени телефонски разговори за наводен системски криминал при осуммилионската набавка на медицинска опрема.