Во Словенија се регистрирани 5 076 новозаразени со коронавирус, по извршени 1 566 ПЦР-тестови и 52 036 брзи антигенски тестови
Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, соопшти дека резултатот од брзиот тест покажал инфекција со коронавирус.
„Веќе две години успешно го избегнуваме коронавирусот. Вчера двете момчиња беа позитивни, мојот тест беше негативен. Денес, за жал, и мојот е позитивен. Сите сме со класични симптоми. Засега благи. Нека остане така“,
изјави Јанша.
Во Словенија се регистрирани 5 076 новозаразени со коронавирус, по извршени 1 566 ПЦР-тестови и 52 036 брзи антигенски тестови.
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ), во Словенија во моментов има 173 862 активни инфекции, што е за 12 387 случаи помалку од вчера.
Седумдневниот просек на потврдени случаи моментално е 9 862, што е за 2 710 помалку од претходниот ден, а бројот на потврдени случаи во последните 14 дена на 100 000 жители е 8 239, што е за 588 помалку од претходниот ден.