Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, својот став го темели на тоа што според него, доколку Украина стане членка на НАТО, светот ќе се соочи со трета светска војна
Фицо во интервју за „Радио Словенско“ рече дека Европската Унија секој месец во Украина испраќа околу 1,5 милијарда евра и праша колку е тоа одржливо. Вели, неговата земја е категорично против евентуален влез на Украина во НАТО и дека доколку дојде до таква ситуација, тој ќе стави вето за членството бидејќи влезот на Украина во одбранбената алијанса ќе значи трасирање на патот кон трета светска војна.
„Го испративме тоа што го имавме во Украина, а словачкиот систем ‘С-300’, што политичарите на поранешната влада го нарекоа отпад, украинските медиуми го пишуваат како ефикасна одбрана на воздушниот простор“,
рече Фицо.
Тој најави и дека в среда во Ужхород ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, кому ќе му каже дека Украина нема да добие никакво оружје од Словачка и отворено ќе му го каже ставот на неговата земја за членството во НАТО.
„Ќе му кажам дека има работи за кои имаме сосема поинакво мислење, ќе му кажам дека кога станува збор за влез во ЕУ ги почитуваме, но тие мора да ги исполнат условите, а не земја која апсолутно не ги исполнува сите услови да влезе во ЕУ“,
рече Фицо.
Во интервјуто посочи и дека Словачка треба да направи ревизија на одбранбениот договор со САД, оти со овој договор на сојузничките авиони им се дава овластување да слетуваат и полетуваат само со најнеопходните технички дозволи.
.