Најризична е Општина Аеродром која има 631 активен случај на ковид-19
Речиси половина од активните случаи на ковид-19 во земјава се од Скопје. Со денешните 272 нови случаи – главниот град има 3 174 активни случаи на ковид-19, а вкупниот број на ниво на државата изнесува 6 552 лица.
Најризична е Општина Аеродром која има 631 активен случај на коронавирурсот, па Карпош со 511 и Центар со 484 случаи.
Троцифрен е бројот и во Гази Баба- 376, Кисела Вода-366, Ѓорче Петров-255, Чаир-151 и Бутел–127 активни случаи. Понатаму следуваат Илинден–51, Сопиште–26, Сарај–21, Петровец–20, Шуто Оризари–19, Чучер Сандево–12, Арачиново–10, Зелениково–8 и Студеничани–6 активни случаи.
Меѓу активните на територија на Скопје има и 16 странци и 81 нераспределен случај на активен случај.
Градови со најголем број активни случаи на ковид-19 после Скопје се Струмица – 383, Тетово –345, Куманово–290, Прилеп–278, Кочани–195, Штип–181, Битола и Гевгелија -159, Кавадарци -141, Охрид–137, Велес- 120, Делчево 121, Гостивар–118 и Кичево -112 активни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25 473, бројката на оздравени пациенти е 18 047, а починати се 874 лица.