Министерот за здравство Венко Филипче апелира за време на продолжениот викенд граѓаните да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и потенцира дека пред нас е ризична фаза во која ризикот од трансмисија на вирусот е голем.
„Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје“,
напиша Филипче на Фејсбук.
Во последните 24 часа во земјава регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 од направени 2634 тестирања, а 12 лица починаа. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6 552 лица.